Centar.mk
ЛОКАЛНОТОП ВЕСТИ

Ветерот бутна дел од фасадата на МЕПСО

Ветрот синоќа откорна дел од фасадата на МЕПСО.

На социјалните мрежи утрово, градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов сподели фотографии со коментар дека проектот „Скопје 2014“ е небезбеден за животот на граѓаните.

https://www.facebook.com/petreshilegov/posts/3170248913199685

„Освен што е криминален, кичерајски, болноумен и слично, проектот Скопје 2014 е и небезбеден за животите на луѓето.Зградата на АД МЕПСО“, напиша Шилегов.

Коментар и фотографии на „Фејсбук“ утрово сподели и градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.

https://www.facebook.com/sasha.bogdanovik/posts/10219964088080093

„Што да се прави со Скопје 2014 година?!?! Сам се руши…..А.Д.МЕПСО. Среќа нема повредени“, пишува Богдановиќ.

Новата фасада на МЕПСО чинеше 11 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

Жичницата на Водно нема да работи за време на викендот

C +

До 5 јуни можност за отплата на долгови кон Комунална хигиена без камата

C +

Средба помеѓу Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, претставници на Град Скопје и градоначалникот на Матера, Антонио Николетти

ДЕСК