12.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: Ја спуштивме невработеностa на најниска стапка досега

За 2,5 години ја спуштивме стапката на невработеност на најниска стапка досега од 17,1 проценти, отворивме 60.000 нови работни места, велат од Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија.

„Со развојни економски политики во третиот квартал од 2019 година, СДСМ ја намали невработеноста на најниска стапка досега од 17,1 проценти, од 22,1 насто во истиот период 2017 година. За 2,5 години отворивме 60.000 нови работни места, со кои обезбедивме посигурна иднина на 60.000 нововработени граѓани и на нивните семејства.

Посветено продолжуваме со мерките за отворање нови работни места пред се со Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување, кој годинава очекуваме да вклучи 12.000 невработени лица.

За Оперативниот план за вработување во 2020 година се издвоени рекордни 1,45 милијарди денари за инвестиции во претприемништво, поддршка за креирање нови работни места, обуки и доквалификација, особено во информатичката технологија, практиканство, а продолжува и реализацијата на Гаранцијата за млади.

Досегашното искуство покажа дека самовработувањето преку стартување на микро бизниси е одржливо, бидејќи 93% од компаниите формирани со помош на оваа мерка во 2017 година активно работат, како и 99% од компаниите формирани во 2018 година.

Во моментов мерката за самовработување е отворена и само за една недела има доставено 1200 апликации.

Покажавме дека знаеме и можеме да ја стабилизраме економијата и да го унапредиме животниот стандард на граѓаните, Република Северна Македонија да ја направиме развојна и просперитетна држава.

Продолжуваме со реализација на мерките што обезбедуваат нови и добро платени работни места и повисоки плати за работниците“, велат од СДСМ во соопштението.

Спонзорирано: