Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Од денеска до 11 март граѓаните ќе можат да извршат увид во Избирачкиот список

Од денеска до 11 март на полноќ граѓаните ќе можат да извршат увид во Избирачкиот список преку апликацијата на веб-страницата на Државната изборна комисија (www.sec.mk) и во подрачните канцеларии. Почнува и рокот за собирање потписи на група граѓани во подрачните канцеларии на комисијата и пред овластен нотар.

Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, вчера апелираше до сите оние што сакаат да гласаат на изборите да ги проверат своите податоци во Избирачкиот список, но исто така предупреди дека доколку немаат важечки лични документи, граѓаните нема да може да гласаат.

До 11 март граѓаните може да поднесат барање за запишување, дополнување или бришење податоци во Избирачкиот список, и тоа во подрачните одделенија и месни канцеларии на комисијата. Предвремените парламентарни избори треба да се одржат на 12 април.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Дефокусот служи за прикривање на кражбата, кучињата лаат- караванот врви

ДЕСК

Филипче: Нападите врз мене и СДСМ се зголемија по договорот „мигранти за пари“

ДЕСК

Променливо oблачно време до сабота, а потоа врнежи од дожд и снег

ДЕСК