Centar.mk
МЕТЕОТОП ВЕСТИ

Сончево со температура до 21 степен – ќе дува ветер со брзина од 70 км/час

Времето денеска ќе биде сончево и топло со умерена, на места значителна облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, особено во западните делови каде ќе достигнува брзина над 70 км/час. Во вечерните часови облачноста ќе се зголеми и во западните делови ќе има локален дожд, на планините снег. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21 степен.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со умерена облачност и со умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 19 степени.

Можеби ќе ве интересира

Температури до 33°C и невреме! Синоптичарите објавија повеќедневна прогноза

ДЕСК

ПОЧНА НЕВРЕМЕТО: Силен пороен дожд во овие делови од Македонија

ДЕСК

УХМР издаде метео предупредување: Скопје под закана од попладневно невреме

ДЕСК