12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Нов парк ќе никне на местото на депонијата кај скопската железничка станица

Локација која што повеќе од 20 години беше дива депонија, ќе прерасне во нова зелена површина во Скопје, најави градоначалникот Петре Шилегов кој денеска го посети местото во близина на скопската железничка станица што веќе е исчистено од страна на службите.

„Станува збор за површина од над 6.000 квадратни метри и преку ЈП Улици и патишта во изминатиов период ја исчистивме таа дива депонија и исфрливме повеќе од 15.000 кубни метри смет. Денеска вршиме увид на овој нов јавен простор каде што треба да никне и мал парк и детско игралиште, со цел овој меѓник меѓу општините Аеродром и Центар да го уредиме“, рече Шилегов.

Тој, исто така, упати апел до граѓаните одговорно да се однесуваат со животната средина и отпадот што го создаваат.

„Ги потсетувам граѓаните на Скопје дека Скопје ќе биде онолку убав град колку што ние ќе сакаме сите заедно да го направиме“, порача градоначалникот.

Спонзорирано: