Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Филипче заедно со Пендаровски на денешната промоција на документарниот филм “Заробена вистина”

– Вечерва, во рамки на одбележувањето на 35-годишниот јубилеј на СДСМ, преку документарниот филм „Заробена вистина“, подготвен од авторите Никола Т. Калајџиски и Аристид Филактов, оддадовме почит и се потсетивме на ликот и делото на Крсте Црвенковски – човек кој е дел од темелите врз кои е изградена современата македонска држава, напиша лидерот на СДСМ, Венко Филипче на социјалните мрежи по повод денешниот од низа настани поврзани со роденденот на СДСМ, каде присуствуваа повеќе видни личности, меѓу кои и поранешниот претседател Стево Пендаровски.

– Крсте Црвенковски не е само историска личност, тој е народен херој, учесник во Востанието од 11 Октомври 1941 година, борец во Народноослободителната борба. Неговата животна приказна започнува токму со борбата за слобода, во време кога таа борба значела ризик, жртва и длабока верба во иднината.

Тој беше визионер, во време кога визијата бараше храброст. Активно учествуваше во процесите што ја обликуваа нашата културна, научна и духовна самобитност. Крсте Црвенковски нè учи дека храброста значи да се зборува кога е тешко, дека визијата значи да се гледа подалеку од моменталното, дека љубовта кон татковината се докажува со дела, а не со зборови.

Токму затоа „Заробена вистина“ не е само документарен филм, туку повик да ја ослободиме вистината од заборавот, да ја вратиме во јавниот простор и да ја направиме дел од нашата сегашност. Затоа што вистината, колку и да е долго заробена, секогаш наоѓа начин да излезе на виделина.

Како социјалдемократи имаме обврска да го чуваме и негуваме наследството на луѓето кои ги поставија темелите на државата, но и вредностите врз кои се темели нашата партија – слобода, правда и еднаквост, како јасна насока за подобра иднина, напиша Филипче.

Можеби ќе ве интересира

ОД МИНУС ДО ПЛУС: Свежи утра и постепено затоплување преку ден

ДЕСК

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши

ДЕСК

Филипче: Без консензус нема укинување на техничката влада

ДЕСК