Centar.mk
ЛОКАЛНО

Средба помеѓу Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, претставници на Град Скопје и градоначалникот на Матера, Антонио Николетти

Во духот на меѓусебна почит и соработка, денеска се одржа средба помеѓу Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, претставници на Град Скопје и градоначалникот на Матера, Антонио Николетти. Средбата помина во исклучително конструктивна и пријателска атмосфера, при што беа разменети искуства и добри практики во областа на локалниот развој, културата и туризмот.

На состанокот беа поставени основите за понатамошна соработка меѓу двата града, со посебен акцент на развој на културни иницијативи, унапредување на туристичката понуда и создавање нови можности за економски раст.

Оваа средба претставува значаен чекор кон зајакнување на меѓународните партнерства на Скопје и е вовед во активностите поврзани со проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“. Настанот носи нова визија, свежа енергија и европска перспектива за градот, отворајќи простор за динамичен културен развој и поголема видливост на Скопје на европската сцена.

Град Скопје останува посветен на градење цврсти меѓународни односи и реализација на проекти кои придонесуваат за подобар квалитет на живот за сите граѓани.

Можеби ќе ве интересира

ИЗРЕЧЕНИ КАЗНИ ОД 1.850 ЕВРА ПОПЛАКИ ЗА ГРАДИЛИШТЕ – Општина Центар потврди неправилности

ДЕСК

ПОДДРШКА ЗА ЗАНАЕТИТЕ ШТО ИСЧЕЗНУВААТ – Град Скопје прима барања за субвенции до 30 ноември

ДЕСК

Општина Карпош доделува еднократна парична помош по повод Денот на лицата со попреченост – 3 декември

ДЕСК