Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Филипче: Без консензус нема укинување на техничката влада

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека предлог-измените на Законот за Влада, со кои се предвидува укинување на техничката влада, без консензус претставуваат сериозен удар врз единствениот механизам за фер избори.

„Техничката влада е меѓупартиски договор на четирите најголеми партии и таа техничка влада е донесена со консензус и само со консензус може да се укине. Ова е еден единствен преостанат механизам гаранција за одржување на фер и демократски избори. Во услови кога гледаме како се однесува актуелната власт, овој закон треба да се повлече. Овој закон вака не смее да помине“, порача Филипче.

Тој додаде дека општеството не е зрело за укинување на техничката влада затоа што се уште системот е заробен и по партиска контрола исто како во времето на Никола Груевски.

„Системот се контролира и во правосудство и во сите институции со силна партизација, исто како што се правеше во времето на Никола Груевски до 2016-та година, односно општеството и државата повторно не се зрели да се спроведат фер и демократски избори. Силен притисок на правосудните органи, поставување на свои луѓе на места за судии, обвинители. Чувствата на премиерот коишто се јавно искажани не се ништо друго освен притисок кон правосудството и обиди за заплашување на опозицијата“, нагласи Филипче.

Воедно, Филипче оцени дека предложените измени се дел од поширок процес на дерегулација и заобиколување на реформските обврски.
„Овој закон за влада е дел од Реформската агенда, а таму јасно стои дека треба да се донесе нов закон за влада, не само вака изменет Закон за влада. Значи, повторно не се постапува ниту по реформската агенда“, рече Филипче.

Тој заклучи дека наместо укинување на механизми за контрола, државата мора да се фокусира на зајакнување на институциите и обезбедување фер изборен процес.

Можеби ќе ве интересира

ОД МИНУС ДО ПЛУС: Свежи утра и постепено затоплување преку ден

ДЕСК

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши

ДЕСК

„Носи ја промената“ преку дискусија за родово базирано насилство ги обедини експертите и меѓународните партнери во Велес

ДЕСК