Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Опозициски структури ширеле лажни вести за заболен од корона вирус во Македонија: Се огласи министерот Венко Филипче

Министерот за здравство, Венко Филипче ги демантираше лажните вести кои се шират на социјалните мрежи дека има заболен од коронавирус во државава.

Претходно лица блиски до опозицијата проширија вест дека има заболен од вирусот.

Професорката Тања Каракамишева дури и почна неосновано да шири паника откако твитна: „Што бараат специјални единици со митралези и борни коли пред Клинички центар?“, на што добила одговор „превентива од коронавирус“.

„На социјалните мрежи почнала да се шири лажна вест за идентификуван заболен од коронавирус во Скопје.

Остро ја демантираме таа вест, во државава нема ниту еден случај на заболен од коронавирус.

Бидете одговорни и не ширете лаги и паника во врска со коронавирус“, пишува Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК