24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИСТОП ВЕСТИ

Ветувањата станаа реалност: Владата на Заев успеа да реализира многу, со заокружен мандат просечна плата од 500 евра ќе беше реалност

Само 3150 денари фалат до ветените 30.000 денари просечна плата.

Ако се земе во обзир дека програмата за Живот предвидуваше просечна плата од 30.000 денари во периодот од 2016-2020 година, може да се каже дека Владата на Заев за само 2,5 години власт успеала да стигне близу оваа сума.

Според податоците на Заводот за статистика во декември 2019-та година, просечната плата во Македонија изнесувала 26.836 денари, што значи фалат уште 3.150 денари до исполнување на ветеното. Сепак декември 2019 е една година порано од декември 2020, за кога требаше да биде исполнета конечната цел од 500 евра просечна плата, а тука мора да се земе и фактот што Владата на Заев беше изгласана дури 7 месеци по изборите, што значи дека доколку се’ течело нормално и не се случеше ужасот од 27-ми април, денес граѓаните ќе земаа и повисоки плати.

Минималната плата скокна за цели 5.500 денари за само 2,5 години.

Во 2016-та година минималната плата изнесуваше само 9.000 денари, а денес таа изнесува 14.500 денари. Со покачувањето на минималната плата по автоматизам се покачија платите и на граѓаните кои имаа повисоки месечни примања.

Сето ова се случи во период кога опозицијата постојано ја минираше власта, преку работата во парламентот, но и она најстрашното преку партиската администрација вработена за време на режимот.

Ова е голем успех!

Владата и покрај сопките успеа да ги изреализира и укинувањето на Радиодифузната такса за која граѓаните до пред неколку години завршуваа со блокирани сметки, беше вратена ефтината тарифа на електрична енергија – поволност која беше укината од страна на режимот.

Нема веќе жолти ленти врз дуќаните

Владата на Зоран Заев го релаксира бизнис амбиентот со тоа што ги укина големиот број репресивни мерки врз бизнисите, ги намали казните врз фирмите, па така сега има прво опомена, а потоа доколку бизнисменот не се вразуми, следува казна.

Казните за малите бизниси не се повеќе драконски. Нема веќе казна од 5.000 евра за мал бизнис. Завршија времињата кога инспекторите на УЈП пишуваа казни од 5.000 евра, кои потоа беа “кинети” од страна на локалните моќници на режимот, се разбира во замена за гласови, моќ, влијание, во спротивно се знаеше – затворање на бизнисот.

Бизнисот е отворено поле за сите подеднакво, и она што е најбитно, младите се’ повеќе можат да заработат во приватниот сектор сега, отколку во администрацијаата.

Преку мерките на Фондот за иновации се доделува финансиска поддршка за реализација на идеи на млади, со што остварен е сонот на стотици млади, а што е најважно поддршката продолжува со повеќе средства и во иднина.

Да не зборуваме колку е покачен процентот на фирми кои плаќаат ДДВ само поради мерката Мој ДДВ, со која и граѓаните добиваат поврат на ДДВ, но она што е најважно драстично се намалува даночната евазија, со што бизнисмените кои затајуваа данок сега мора да плаќаат повеќе. Помалку за затајувачите, повеќе за државата и граѓаните. Помалку за затајувачите, повеќе за патишта, училишта, болници…

Силен раст на платите во јавниот сектор
Образованието, културата, здравството, правдата… секаде платите се покачени. Докторите добиваат се’ повисоки плати во јавното здравство, а ветувањето за примања на еден специјалист од 100.000 денари/месечно не се веќе сон, туку реалност!

Ако наставниците и професорите во основните и средните училишта 11 години за време на режимот имаа замрзнати плати, а кога ќе посакаа да штрајкуваат веднаш беа замолчувани со закани, уцени дека ќе бидат избркани од работа, дека ќе им се најде некаква замена, дека ќе им се случи нешто лошо на нивните најблиски… тоа е минато!

Во две години платите прво пораснаа за 5%, потоа уште 5%, а од Нова година уште 10 отсто! Пример доколку еден наставник добивал плата од 20.000 денари, тој уште во септември 2018-та година добил покачување од 5% и почнал да добива 21.000 денари, а следната година во 2019 добиле повисока плата за 1.050 денари односно 22.050 денари, а на почетокот на 2020 таа пораснала на 24.255 денари, што е драстично зголемување за само 2,5 години.

Пораснаа и социјалната помош, пензија ќе добива секој, се градат градинки
За 300 отсто порасна социјалната помош, со што Зоран Заев направи револуција во социјалниот сектор во Македонија, нешто што досега не беше видено, нешто што режимот на Никола Груевски ниту го имаше ветено, а не пак да го реализира.

Пораснаа пензиите, а сега пензија ќе има и за секој.

Насекаде се градат модерни градинки, со што државата покажа дека за само 2,5 години може да се направи пресврт во социјалната политика.

Се реновираат студентските домови, изградени се и се градат нови модерни училишта, но нема стиропор и споменици.

Репресијата ја нема

Намалени беа казните за сообраќајни прекршоци, полицијата стана сервис на граѓаните. Расформирана беше УБК, сега веќе нема нелегално прислушкување од страна на државата.

Медиумите се ослободени од заканите и уцените, сега секој може да критикува, да зборува, да каже што мисли. Граѓаните се ослободени од закани. Нема веќе влечење за уши, како што велеа режимските функционери, за да се гласа.

Македонија тргна напред
Земјава ни тргна напред. Стануваме членка на НАТО, а во март реални се шансите да ги поченеме преговорите со ЕУ.