17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Мега скандал со црни пари од странство за медиумска кампања против националните интереси – што се случува?

Сѐ уште е отворено прашањето дали Јавното обвинителство конечно ќе отвори истрага за индициите пласирани во јавноста дека црни пари од Русија и од Унгарија се слеваат во македонски медиуми со цел да шират антидржавна пропаганда. Прашањето „дали“, во овој случај, е сосема излишно, а на прашањето „кога?“ одговорот за вакво прашање би требало да биде – „веќе е започната интензивна и сеопфатна истрага“, анализира Civilmedia

Изминатава седмица на неколку прес конференции СДСМ ги повикува надлежните органи да преземат активности и да откријат кој ги дава парите, кој ги пренесува во Северна Македонија, на кои сметки се слеваат и крајното, за што се наменети? Дали е точно дека со тие странски пари се води антидржавна кампања, се конструираат случаи и се продуцираат лажни вести за да ѝ се наштети на државата во пресрет на членството во НАТО и стартот на преговорите со ЕУ.

Логиката на правната држава подразбира брзо и навремено интервенирање од страна на Јавното обвинителство, а тоа повлекува и финансиска контрола на медиумите, следењето на трагата на парите и, на крајот, каде завршиле и за што биле наменети. Очекувано беше дека до сега Јавното обвинителство да отвори предмет. На 10 февруари, словенечкиот портал „Нецензурирано“ објави новинарско истражување кое се  повикува на банкарски документи и тврди дека пари од Унгарија, преку банки во Словенија се дистрибуирале во медиуми во Северна Македонија со што се финансирала кампања против процесот на членство во НАТО и други стратешки национални интереси.

Целиот текст прочитајте го на Civilmedia.mk