На денешното рочиште за предметот „Монструм“ прв сведок е лидерот на ДУИ, Али Ахмети. На прашањето од судијта кога и како разбрал за овој грозоморен настан, Ахмети рече дека разбрал утрешниот ден.
„Сигурно сум разговарал со многу луѓе за ова случување и сите мои разговори можат да се пуштат во јавноста. Сме разговарале бидејќи бевме вознемирени и сакавме да ја знаеме вистината за овој настан. Сите на некој начин бевме исплашени да не ескалира оваа ситуација и дојде до судир“, изјави Ахмети.
Тој потенцираше дека имал разговори со меѓународната заедница за да се помогне да се разреши овој случај, барал помош и од високи претставници од ЕУ и госпоѓа Викторија Нуланд, поранешен помошник-државната секретарка на САД за европски и за евроазиски прашања.
„Мојата грижа беше да нема влијание за да нема селективна правда. За нас и фамилиите беше најважно да се расчисти најдобро овој случај. Сме барале многу канали и побаравме ова судење да се повтори со цел овој случај да се расветли“, посочува Ахмети.
На прашањето на јавната обвинителка Фатиме Фетаи, дали конкретно се сеќава дека зборел со Сафет Незири во смисла на тоа да го информира за семејството и какви луѓе се обвинетите, тој одговори дека не само со Сафет, туку зборел и со други лица и не го негира тој разговор.
Обвинителката Фатиме Фетаи посочи дека во еден од разговорите од 12 мај 2012-та, Ахмети од Незири бара да се формира паралелна комисија за расчистување на овој случај.
– Имавме информации дека се спремаат протести и ситуацијата можеше да излезе од контрола, појасни ток
Во еден од разговорите со едно лице му велите на соговорникот дека жртвите биле класично стрелани, додаде Фетаи, на што Ахмети кажа дека овие информации му биле од институциите, истакнувајќи дека момчињата не биле убиени, туку масакрирани.
извор Локално