Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Владата вечерва поништи серија решенија за распоредување на вработени потпишани од Наќе Чулев

Владата вечерва донесе одлука и за поништување на решенијата за распоредување на работно место, донесени од министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Поништени се решенијата со кои Петар Ѓорѓиевски се распределува на работно место началник на Одделение за дизајнирање на наставни програми, Центар за обука, Организациони единици за потребите на Министерството при Министерството за внатрешни работи, за распоредување на Џелал Топалоски на работно место полициски советник за СВР, во Единицата за стратешко планирање стандарди и контрола на квалитет – БЈБ.

Поништени се и решенијата за распоредување на Зоран Дуровски на работно место началник на Одделение за полиција, СВР Битола – БЈБ, за распоредување на Горан Митев на работно место началник на Одделение за криптозаштита, Сектор за безбедност на информации, Оддел за односи со јавноста и стратешки прашања, Организациони единици за потребите на Министерството при Министерството за внатрешни работи, како и решението со кое Владимир Велковски се распоредува на работно место самостоен советник за меѓународна соработка во Кабинетот на министерот при Министерството за внатрешни работи.

Можеби ќе ве интересира

Филипче со детали од новиот Закон: Сите тендери и јавни набавки ќе се водат преку блокчејн платформа

C +

Мицкоски: Пуштен е во употреба новиот градски пазар во Општина Виница

C +

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +