Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Премиерот Оливер Спасовски предмалку упати апел до ВМРО ДПМНЕ

Упатувам јавен апел до ВМРО-ДПМНЕ да даде предлог за избор на министер за труд и социјална политика во техничката влада, соопшти техничкиот премиер Оливер Спасовски.

– Го повикувам раководството на партијата да се издигне на нивото на моментот и да покаже одговорно однесување.

Да го стават интересот на државата и на граѓаните во прв план и со предлог за нов министер за труд и социјална политика да земат учество во организација и спроведување слободни, демократски и фер избори и со тоа да го дадат својот придонес за остварување на европската интеграција на Северна Македонија.

Во овој момент кога имаме позитивна најава дека ЕУ е подготвена да ги отвори вратите за почеток на преговорите, потребно е одговорно однесување и од ВМРО-ДПМНЕ, порача Оливер Спасовски.

Можеби ќе ве интересира

Николова: Предложените заменици министри се партиски кадри наместо експерти, уште едно лицемерие на Владата

ДЕСК

Мицкоски: Шабани и Сулејмани со својата работа и посветеност ќе придонесат за зајакнување на институционалниот капацитет

ДЕСК

Државата ќе одвои 1 милион евра за евакуација на затечените граѓани во Дубаи, Доха и Израел

ДЕСК