Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Николовски: Тие што се дрзнаа да го кочат напредокот на државата – изгубија!

Генералниот секретар на СДСМ во својот Фејсбук статус вели дека тие што се дрзнаа да го кочат напредокот на државата – изгубија. Николовски додава дека извршителот Мицкоски и неговиот шеф Груевски се поразени од пратениците, од народот, од СДСМ и од сите политички и граѓански сили кои и мислат добро на сопствената земја.

„Денес, кога правната држава е светост и светлост кон која се стремиме, да се дрзнеш да бидеш против правда, против европската иднина и против НАТО, не е ништо друго освен губитничка позиција.

Извршителот Мицкоски и неговиот шеф Груевски се поразени од пратениците, од народот, од СДСМ и од сите политички и граѓански сили кои и мислат добро на сопствената земја.

Огромното мнозинство во Собранието денес покажа дека иднината на земјата е поважна од партиските тактики.

Ги завршивме сите реформски задачи. ЕУ тоа го гледа и има одговорност за својот следен чекор кон Северна Македонија.

Пративме јасна порака дека мора да се стави крај на криминалните интереси. И назад нема. Ниту сега ниту во иднина. Државата мора да чекори со чесни, растеретени и политичари што влечат напред. Доста е од закани, калкулации и обиди за враќање назад. Чекориме за правда и за иднина!

Одиме на фер и демократски предвремени парламентарни избори.

Гордо стоиме пред граѓаните и бараме нов, чист и целосен мандат на 12 април.“, напиша Николовски.

Можеби ќе ве интересира

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

C +

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

C +

Мицкоски: Владата проактивно работи на реновирање на туристички сместувачки капацитети, очекувам 2026 година да имаме раст на бројот на туристи

C +