Centar.mk
БИЗНИС

Инфлацијата на годишно ниво е 2,9 отсто

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во февруари 2026 година, во однос на јануари 2026 година, изнесува 0.2 %.

Во февруари 2026 година, во однос на јануари 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Услуги за образование за 4.0 %, Облека и обувки за 1.1 %, Лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги за 0.9 %, Рекреација, спорт и култура, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.3 %, Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива, Храна и безалкохолни пијалаци за 0.2 %.

Намалувањето на инфлацијата во февруари 2026 година, во однос на јануари 2026 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 0.8 %, Здравствена заштита за 0.6 %, Покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата за 0.5 %, Информации и комуникации за 0.2 %, Ресторани и услуги за сместување за 0.1 %.

Трошоците на животот во групата Осигурување и финансиски услуги, остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Индексот на цените на мало во февруари 2026 година, во однос на јануари 2026 година, изнесува 99.7.

Индексот на трошоците на животот во февруари 2026 година, во однос на февруари 2025 година, бележи зголемување од 2.9 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 1.6 %, соопшти Државниот Завод за Статистика.

извор ДЗС

Можеби ќе ве интересира

Македонците масовно почнаа да пазарат храна во соседните држави – Популарните ланци маркети во Лерин и Врање преполни со македонски граѓани

ДЕСК

Државата дели и до 10.000 евра за почнување на нов бизнис! – Познато е кој може да аплицира

ДЕСК

Во целост исплатена Еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра

ДЕСК