Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Меѓународната заедница ја поздрави победата на прозападните сили во парламентот со носењето на законот: “Законот за ЈО е важен чекор за реформските процеси во Северна Македонија”

– Високиот претставник на Европска Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел вечерва изрази задоволство поради донесувањето на Законот за јавно обвинителство во Северна Македонија.

Тој истакна дека од Минхен за Брисел летал заедно со министерот за надворешни работи Никола Димитров кој му ја пренел веста.

– Законот е уште еден важен чекор за имплементација на реформите и покажува дека (Северна Македонија) има волја да направи се што е потребни за земјата да има европска перспектива, посочи Борел.

Тој додаде дека денеска и утре ќе разговараат за Европскиот совет да ја отвори вратата за европска перспектива на регионот.

Борел присуствува на неформалната вечера со лидерите од Западен Балкан, што ја организира претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.

Можеби ќе ве интересира

ТРИ СМРТНИ СЛУЧАИ ГО ПОТРЕСОА СКОПЈЕ: Починати лица пронајдени под возило, во дом и во хотелска соба

ДЕСК

МИСТЕРИОЗЕН СЛУЧАЈ ВО КУЧКОВО: Починат маж пронајден под возило, телото дадено на обдукција

ДЕСК

ВЕЛОСИПЕДИСТ ПРЕГАЗИЛ ПЕШАК И ТЕШКО ГО ПОВРЕДИЛ, ПА ПОБЕГНАЛ: Хорор на “Партизанска”

ДЕСК