Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

На полноќ се огласи висок функционер на ДУИ: Партијата целосно ги поддржува законите за јавно обвинителство, совет на јавни обвинители, за одбрана, изборниот законик со корекција на изборните единици како и Преспанскиот, Охридскиот и добрососедскиот договор

По скандалозното кочење на носење на одлуки во Парламентот од страна на антизападните структури и следот на настаните откако генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски најави можност за формирање на ново парламентарно мнозинство без ДУИ и ВМРО ДПМНЕ, се огласи Артан Груби од ДУИ:

ДУИ целосно ги поддржува законите за јавно обвинителство, совет на јавни обвинители, за одбрана, изборниот законик со корекција на изборните единици како и Преспанскиот, Охридскиот и добрососедскиот договор.

Ние сме убедени дека законите и одлуките ќе се донесат пред распуштање на Собранието.

Предвремените избори беа консензуално договорени кај Претседателот Пендаровски и политичката непредвидливост од било која страна е несериозна и неоддржлива за нашата земја, напиша Артан Груби од ДУИ.

Сепак нејасно е дали ќе има предвремени избори, имајќи во предвид дека техничките министри на ВМРО ДПМНЕ во повеќе наврати ги прекршија законите со што се фрли сериозна сенка врз целиот изборен процес.

Можеби ќе ве интересира

Одлична можност за младите македонски граѓани кои сакаат да стапат во служба на Армијата, објавен е новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници

ДЕСК

Мицкоски: Инвестицијата во далекуводот Битола-Елбасан значи спасен проект од сигурно пропаѓање

ДЕСК

Претседателот на Собранието Африм Гаши и Народниот правобранител Фатон Сељами потпишаа Меморандум за соработка

ДЕСК