14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Седат, Јасмина и министерот Филипче на повторна средба една година од кобната несреќа, за да не се повтори никогаш

На иницијатива на министерот Филипче, на годишнината од кобната несреќа кај Ласкарци повторно се сретнаа Седат и Јасмина, патникот што и помогна да преживее и потоа бараше помош од министерот за да ја најде. На својот фејсбук профил министерот Филипче напиша дека несреќата кај селото Ласкарци нè научи на поголема хуманост и солидарност, да си помагаме кога е најпотребно и да се грижиме едни за други.

Приказната на хуманоста започна после несреќата кога Седат не знаејќи што се случило со девојката на која и помогнал во најтешките моменти, упати апел до министерот за здравство за помош да ја најде и да дознае како е. Неговата најголема желба била Јасмина да биде жива. Министерот му помогна да ја најде и посведочи на емотивен момент кога таа го запозна човекот што ѝ го спасил животот.

https://www.facebook.com/1819203381720020/posts/2312319222408431/?d=n

На денешната повторна средба Јасмина се заблагодарила за целокупната грижа од страна на медицинскиот персонал затоа што е повторно жива.

“На тој ден, целокупниот здравствен систем беше активиран за 15 минути и здравствените работници направија сѐ за да ги спасат животите на тешко повредените. Најдлабока благодарност за сите здравствени работници кои го дадоа својот максимум за да ги спасат човечките животи на нашите сограѓани, пријатели, роднини. Најголема благодарност за професионалноста и медицинската стручност. Никогаш повеќе да не ни се случи ваква трагедија”, напиша министерот на својот профил.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Кога институциите молчеа, ние ја кренавме вистината за Кочани

ДЕСК

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

ДЕСК

Филипче од Виница: ВМРО-ДПМНЕ ја остави Виница без ниту еден проект, во долгови, смет и зголемени сметки

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.