Centar.mk
ЛОКАЛНО

Основците од Центар преку проектот „Велоучилишта“ ќе учат за загадувањето и климатските промени

Општина Центар потпиша меморандум за имплементирање на проектот „Велоучилишта“ наменет за учениците од основните училишта на територијата на оваа скопска општина.

Проектот треба да овозможи зголемување и унапредување на знаењето кај децата, наставниците и пошироката јавност за темите: велосипедизам, одржлив развој, безбедност во сообраќајот, аерозагадување и климатски промени.

„Досега овој проект се реализираше само во ОУ ‘Јохан Хајнрих – Песталоци’, како пилот-проект, но отсега, проектот ‘Вело училишта’ ќе биде проект за сите ученици, наставниот кадар и родителите во сите основни центарски училишта“, изјави градоначалникот Саша Богдановиќ.

За овој проект Богдановиќ потпиша меморанудм со Никола Нешкоски, директор на „Екологик“, здружение за заштита и унапредување на животната средина.

Проектот „Велоучилишта“ ќе се реализира со времетраење од пет години, со можност за продолжување.

Можеби ќе ве интересира

Младински политики по мерка на младите

ДЕСК

Општина Битола распиша конкурс за избор на идејно урбанистичко – архитектонско решение за спортско рекреативна зона – АРМ – Битола

ДЕСК

Завршија градежните работи на централната кујна при ЈОУДГ „Гоце Делчев“ во Општина Илинден

ДЕСК