15. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Османи и Димитров утре во Париз

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, утре ќе престојуваат во работна посета на Франција.

Во рамки на посетата предвидени се средби со Амели де Моншален, државен секретар во Министерството за Европа и надворешни работи, задолжена за европски прашања, како и со Клеман Бон, дипломатски советник за Европа на претседателот Емануел Макрон. Централна тема на средбите ќе бидат европските перспективи на Република Северна Македонија во пресрет на одлучувањето во Советот на ЕУ.

Планирано е ЗПВРСМ Османи и МНР Димитров да остварат средби и со претседателката на Комисијата за надворешна политика во Националното собрание, Мариел де Сарнез и со генералниот секретар за европски прашања при Владата на Франција, Сандрин Годен.

Во фокусот на разговорите ќе бидат европските интеграции на Република Северна Македонија, а во контекст на неодамнешното објавување на документот на Европската комисија за зајакнување на пристапниот процес.

Посетата на Париз на ЗПВРСМ Османи и МНР Димитров се случува во период на засилена дипломатска и државна активност, во врска со остварувањето на стратешката цел за добивање одлука за почеток на пристапните преговори.

Можеби ќе ве интересира

5000 денари еднократна поддршка за пензионерите во Општина Центар

ДЕСК

Филипче: Битола четири години е запустена, време е за промена со Куновски и тимот на СДСМ

ДЕСК

Филипче најави вонредна прес конференција: Денес ги добив најновите економски индикатори – и тие не се само загрижувачки, туку навистина алармантни

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.