14.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Словенечки медиуми: Од каде доаѓаат милионите на Јанша за „операцијата Македонија“?

Парите за медиумскиот октопод на словенската партија SDS и операцијата за унгарско политичко-разузнавачко-медиуми во Северна Македонија потекнуваат од најблискиот круг на Виктор Орбан и компанија, вклучена во изградба унгарско-руската нуклеарна централа, открива словенечкиот сајт necenzurirano.si, пренесе Локално.мк.

Најмалку четири милиони евра, кои Унгарците ги плаќаат од август 2018 година за финансирање на медиуми блиски до словенската партија SDS за „политичко-разузнавачко-медиумска“ операција, насочена кон стопирање на влезот на Северна Македонија во НАТО, дошле во Словенија од сметките и компаниите на членови од тесниот круг на Виктор Орбан, отворени во Лондон.

Ова е потврдено од документи, податоци и информации добиени и анализирани од страна на словенскиот медиум. За прв пат, тие даваат делумен увид во готовинските текови на ширењето на унгарското влијание во Словенија и на Балканот. Колку пари пристигнале во Словенија од овие сметки во последните години, засега не е јасно. Медиумот откриваа детали за дел од трансакциите.

Дознаките од странство докажуваат дека од минатата година, врвот на унгарското политичко раководство е вклучено во финансирањето на SDS, и дека не се работи само за индивидуални унгарски претприемачи, како што се тврдеше досега. Тие, исто така, отвораат сомневања дека станува збор за операција за која дел од парите дошле од руски извори.

Унгарско-руската врска

Дел од парите се префрлени во Словенија од унгарската инженерска фирма „Белфри“, еден од најголемите огласувачи на унгарската Нова24ТВ. Еден од најважните партнери на оваа компанија е унгарската енергетска компанија МВМ, која е сопственик на нуклеарната централа „Пакс“ во Унгарија. Таму руската државна „Росатом“ гради два нови блока во вредност од 12 милијарди евра од 2014 година.

Изградбата на нуклеарниот објект, владата на Орбан ја довери во 2014 година на Русите без јавен тендер.

Со години, Орбан се смета за најголем сојузник на Русија од страна на претседателот Владимир Путин во ЕУ. Тој остро го критикуваше наметнувањето санкции кон Русија за анексија на полуостровот Крим.

Во Северна Македонија, нивните интереси се исти, бидејќи обајцата ја поддржуваат тамошната десничарска партија ВМРО-ДПМНЕ, пишуваат од „нецензурирано“. Уште во 2017 година, Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (OCCRP) известуваше за активностите на руските разузнавачки агенции во ширењето на антизападната пропаганда во Северна Македонија.

Белфри има политички врски и како резултат се здобива со основа за инфраструктурни проекти финансирани од ЕУ во Унгарија. Минатата година, Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) ја рангираше Унгарија на „црниот список“ на земји што злоупотребуваат европски фондови со пренасочување на нив во рацете на претходно избрани компании.

Финансиери: Советникот на Орбан, унгарски амбасадор …

Влезна точка за приливите на унгарските пари во Словенија е компанијата „R-Post-R“, која има сопственост во „Нова обзорја“, издавачот на „Демократија“, партискиот весник на SDS. Таа е во сопственост на унгарскиот државјанин Питер Шац, претседател на управниот одбор на Новa24ТВ . Сите трансакции одат преку сметка отворена во „Уникредит Словенија“. Белфри, спред информации на изданието, префрлал пари од својата сметка во Велика Британија.

Ова не се единствените унгарски пари што дошле во Словенија од Велика Британија. Минатата година во Лондон започна со работа друга компанија, V4NA, која префрлува пари на сметката на Шац во Словенија.

Директор на В4НА е Балаз Медвески, програмски директор во унгарската национална телевизија МТВА. Првичниот основач беше Кристоф Шалај-Бобровнички, унгарскиот амбасадор во Велика Британија. Последователно, во ко-сопственост на компанијата влезе и Дунав Бизнис Консалтинг, сопственост на Арпад Хабони, долгогодишен клучен советник на Орбан и унгарската државна холдинг компанија KESMA, која собира повеќе од 500 унгарски медиуми.

Зошто на Орбан му е потребна Словенија?

Зошто на Унгарците им требаше заобиколување преку Словенија и Велика Британија за финансирање на операцијата во Северна Македонија? Постојат неколку можни причини, анализира словенскиот медиум. Покрај финансирањето на политичките и медиумските активности на SDS, тие го прикриваат и изворот на парите што доаѓаат во Словенија, а потоа и во Северна Македонија.

Орбан никогаш не криел „за кого му чука срцето во Скопје“. Во време кога унгарските соработници на SDS купуваат медиуми во Северна Македонија, Орбан јавно ги пофали „мудрите и храбри лидери на ВМРО-ДПМНЕ“.

„Тие нема да подлегнат на притисокот на странските сили“, зборуваше Орбан.

Несомнено е дека под „странски сили“ тој мислел на огромното мнозинство на земјите од ЕУ и НАТО. Ако во наредните денови Јанез Јанша треба да формира влада, Орбан ќе добие близок сојузник во Словенија, кој не само што го контролира политички, туку и финансиски.

Значи, чие добро ќе биде Јанша? На ова прашање нема потреба од одговор, завршува медиумот.