23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСИЗБОР

Спасовски: Американската компанија „ДУРА Аутомотив Системс“ ќе изгради уште две фабрики во нашата држава

Премиерот, Оливер Спасовски, ги посети производствените капацитети на американската компанија „ДУРА Аутомотив Системс“, која веќе го започна производството во својата прва фабрика и ги стартува работите на изградбата на две нови фабрики во технолошко индустриската развојна зона Скопје 2.

Спасовски истакна дека станува збор е една од најмоќните компании во автомобилската индустрија со над 30 фабрики и инженерски центри во 12 земји во светот. Тој кажа дека компанијата во првата фабрика со најнова технологија веќе произведува компоненти за водечките светски автомобилски компании, додека во втората фабрика ќе произведува алуминиумски рамки за литиумски батерии со голем капацитет за електрични возила, а во третата ќе прави алуминиумски ултра лесни профили за електрични возила.

„Трите фабрики на ‘ДУРА Аутомотив Системс’ ќе вработуваат околу 1.000 наши сограѓани. Сите тие ќе работат во најсовремени фабрички системи и ќе се стекнат со обуки и вештини да учествуваат во високо-технолошки процеси. За истакнување е и намерата на компанијата, за поддршка на нејзините фабрики да изгради и Центар за истражување и развој, кој ќе вработи висококвалификувани и искусни инженери, вклучувајќи инженери за компјутерски дизајн, експерти за машини, механички и електроинженери и во кој ќе се врши обука за вработените“, посочи Спасовски.

Во своето обраќање директорот на компанијата „ДУРА Аутомотив“, Мајк Бекет, истакна дека производствените капацитети во нашата земја ќе интегрираат врвна и иновативна технологија.

„Раководниот тим на ДУРА високо ја цени извонредната соработка што ја добивме од Владата на Република Северна Македонија. Нивната силната поддршка му овозможи на нашиот тим за европски операции исклучително брзо да премине кон финализирање на ова стратешко дополнување во нашето работење“, истакна Бекет.

Спонзорирано: