Centar.mk
ЛОКАЛНО

Зимските служби го чистат снегот од улиците во Жданец, Трнодол и во Бардовци

Зимските служби на Општина Карпош ги расчистуваат од снег и мраз улиците во Жданец, Трнодол и во Бардовци.

„Се распрскува сол, со цел да се стопи мразот и да се овозможат побезбедни улици за движење. Механизацијата ова утро главно работеше на повисоките места, каде што постои поголема опасност за движење на граѓаните и нивните возила“, соопштија од Општината.

Од таму информираат дека вчера на дел од улиците била истурена и посебна течност, која го заштитува коловозот од замрзнување.

Можеби ќе ве интересира

УТРЕ БЕЗ СТРУЈА ВО ПОВЕЌЕ ДЕЛОВИ ОД СКОПЈЕ – Објавени улиците за планираните прекини

ДЕСК

Градот Скопје реализираше темелно чистење на плоштадот „Македонија“, а по долгодишна запоставеност и подната фонтана повторно ќе биде во функција.

ДЕСК

Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

ДЕСК