13.3 C
Скопје
13. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

НоваТВ: Обвинителката за случајот „Еко Клуб“ е поставена од Мијалков и Јанкуловска

Јасмина Костеска Здравеска е обвинителката задолжена за предистрагата за медицинскиот отпад на „Еко клуб“ за кој Град Скопје објави шокантни видеа и фотографии како доказ дека човечки органи и инфициран медицински материјал несоодветно се уништува и дека е оставен на кучиња скитници да го користат како храна. Дали тоа што обвинителката Здравеска е назначена во предметот е причина плус предистргата да не може да заврши за два месеца по поднесената пријава, пред се, затоа што прикажаните видео и фотоматеријали алармираат на скандал кој имал потенцијал да предизвика зарази кај вработените во „Еко клуб“, а некои кучиња можеби и се заразени со оглед на постојаниот пристап до крвта и органите, пишува НоваТВ.

„Која е Здравеска и дали навистина таа може намерно да ја опструира истрагата? – Таа е сопруга на Вецко Здравески. Двајцата потекнуваат од Кичево. Сопругот беше член на Комисијата за лустрација и беше задолжен за досието на писателот Славко Јаневски, кого и го лустрираа.

Здравески потоа се пријави на конкурсот за член на Антикорупциска комисија, но таму не успеа да ги мине филтрите на независната комисија за избор на членови, за разлика од Комисијата за лустрација кога во ВМРО-ДПМНЕ се избираа кадрите. На тоа упатува и прислушуваниот телефонски разговор на Сашо Мијалков со Гордана Јанкуловска во кој прво се потврдува дека Вецко Здравески е партиски кадар, со учество на партиски состаноци, а клучното е дека поради неговата партиска послушност неговата сопруга, обвинителката Здравеска била избрана за јавна обвинителка во Основното обвинителство Скопје. Токму Мијалков и Јанкуловска договораат нејзин избор за обвинител.“ – пишува порталот.

Целиот материјал на следниот ЛИНК.