Centar.mk
МЕТЕОТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Конечно ќе се почуствува зимата: Студено време со врнежи од снег и силен ветер

Облачно, студено и ветровито со врнежи претежно од снег, претпадне со послаб, а попладне и во текот на ноќта со умерен интензитет. Снежната покривка дополнително ќе се зголеми, особено во планинските региони и во западните делови, а долж Повардарието на места ќе се формира помала снежна покривка.

Силниот ветер со брзина над 80 км/час ќе предизвика појава на снежни наноси.

Утре претпладне на места се уште ќе има врнежи од снег со послаб интензитет и ќе има појава на голомразица. Ќе дува повремено силен ветер (60 до 80 км/час) кој ќе предизвика појава на снежни наноси. До сабота ќе преовладува променливо облачно и студено време, а од недела се очекува постепено затоплување

Прогноза за 07.02.2020
Минимална температура: -12°C до -3°C
Максимална температура: -1°С до 8°C
Променливо облачно, студено со умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Прогноза за 08.02.2020
Минимална температура: -10°C до -1°C
Максимална температура: 0°C до 8°C
Променливо облачно и студено со слаб до умерен северен ветер.

Прогноза за 09.02.2020
Минимална температура: -11°C до -3°C
Максимална температура: 3°C до 10°C
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) Филипче заедно со Пендаровски на денешната промоција на документарниот филм “Заробена вистина”

ДЕСК

ОД МИНУС ДО ПЛУС: Свежи утра и постепено затоплување преку ден

ДЕСК

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши

ДЕСК