Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Македонија во тага: Загинаа ќерката и внукот на македонскиот конзул во Италија

Потврдено е дека ќерката Марија (25) и внукот од брат, Методи (26) на македонскиот конзул во Италија, Стојан Витанов се двете загинати лица кои утринава го загубија животот во сообраќајна во Пијаченца.

Нивниот автомобил „клио“ од засега непознати причини удрил во дрво. Автомобилот веднаш се запалил и двајцата братучеди не можеле да излезат.

Марија Витанова, според италијанските медиуми, била во посета на Италија во посета на роднини. Вчера била излезена со својот братучед. Несреќата се случила на пат кон неговата куќа.

Според пишувањата во италијанските медиуми, местото каде се случила собраќајната несреќа важи за кобно место на кое за десет дена се случиле три сообраќајни несреќи со фатални последици.

Братучедите кои загинале во сообраќајната несреќа се ќерката и внукот на македонскиот конзул во Италија, Стојан Витанов, кој беше назначен за генерален конзул и шеф на Генералниот конзулат на Македонија во Италија во јуни минатата година.

https://www.facebook.com/ilpiacenza/videos/172258120698814/

 

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +