17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Левица примила донација од околу 18.000 евра од приватна фирма

Политичката партија Левица, предводена од претседателот Димитар Апасиев, во текот на минатата 2019 година добила донација од приватна компанија во износ од скоро 18 илјади евра, пишува Фокус.

Поранешниот функционер на Левица, Здравко Савевски, објави регистар на донации за второто полугодие од минатата 2019 година, од кој се гледа дека партијата во овој период единствената донација ја добила од компанијата Аутсорс Консалтинг Сервис и таа изнесува 1,1 милиони денари.

„Еве ја таа Апасиева „Левица“, наводно работничка партија, која прима илјадници евра од фирми. По криминалниот упад на Апасиев во Левица, неговата партија-фирма почна да врти доста пари. Ама, да, на страната на работниците се“, напиша на фејсбук Савевски, кој подолго време е во конфликт со поранешниот соработник Апасиев.

Според податоците од Централниот регистар, компанијата што се јавува како донатор на Левица е формирана на средината на 2016 година, со основна дејност за комбинирани канцелариски и административни услужни дејности.

Според Апасиев, нема ништо спорно во оваа донација. Во изјава за Фокус, тој вели дека Законот за финансирање политички партии и дозволува на Левица, како и на секоја друга партија, да прима донации од физички и правни лица, пишува Фокус.