Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕОТЕМАТОП ВЕСТИ

До вторник сончево, потоа драстична промена: Детална прогноза за времето

До вторник ќе се задржи стабилно време со релативно високи температури за овој период од годината. Поголема промена на времето ќе има од вторник кон крајот на денот, која ќе биде проследена со зголемување на облачноста, засилен ветер и значително опаѓање на температурата. Во текот на ноќта кон среда и во среда во пониските места ќе има врнежи од дожд и снег, а на планините и повисоките места од снег.

Прогноза за 03.02.2020
Минимална температура: -4°C до 4°C
Максимална температура: 9°С до 17°C
Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен правец.

Прогноза за 04.02.2020
Минимална температура: -2°C до 5°C
Максимална температура: 13°C до 19°C
Сончево и топло со умерена облачност и со слаб до умерен југозападен ветер. Кон крајот на денот ќе има поголема промена на времето, проследена со зголемување на облачноста, засилен ветер и значително опаѓање на температурата. Во текот на ноќта кон среда во пониските места ќе има врнежи од дожд, а во повисоките места и на планините и од снег.

Прогноза за 05.02.2020
Минимална температура: 0°C до 6°C
Максимална температура: 3°C до 11°C
Променливо облачно, студено и ветеровито со повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег во повисоките места и на планините.

Можеби ќе ве интересира

Поголема соработка и итна акција за воспоставување на одржливо управување со отпад базиран на кружната економија

ДЕСК

МВР: Лишени од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, пет возеле без дозвола и двајца со активна забрана

ДЕСК

Хрватски искуства за македонскиот европски пат – средба на Филипче со Дробњак

ДЕСК