24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Петров: 11 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ создаде плашливост кај граѓаните

Единаесет годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ создаде плашливост, факт е дека немаше јавно говорење. На еден начин тие години луѓето престанаа да им веруваат на политичарите и тоа ќе биде најтешкиот процес да се врати вербата кон политичарите. Но после 11 години што се случуваше тоа е процес кој ќе трае, изјави потпретседателот на СДСМ, Коста Петров.

Тој додава дека концептот на СДСМ е спротивен на тоа што се случувало додека на власт била ВМРО-ДПМНЕ. Петров вели дека владејачката партија е отворена за граѓаните и дека политичката програма ја прават врз основа на потребите на граѓаните.

-Партијата е отворена за нови идеји и нивно имплементирање. Зоран Заев е претсдател на партијата, но искуството што го имам сега е отвореност, новата програма ја правиме заедно со граѓаните. Тие ни приоѓаат со идеји и не се тоа колку да ги слушнеме што ќе кажат, тие доаѓаат со конкретни идеји и предлози кои ги имплементираме во изборната програма. Тој процес на отвореност треба да продолжи, треба уште нови луѓе да влезат во сите партии во Македонија. Сите велиме дека сакаат да се промени политичката ситуација во Македонија, но малце луѓе имаат храброст да влезат во политиката.