И после 13 години на пратенички,директорски и советнички позиции платени од граѓаните, дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски сеуште има елементарни непознавања од земјоделството и не ги разликува основните земјоделски поими и процедури.
Ваквите елементарни непознавања се само една од причините за 11 годишното криминално управување со земјоделското земјиште, делење на истото на партиски членови и функционери и незаконско богатење со субвенции за истото на кое СДСМ стави крај.
Дали Цветан Трипуновски излегува неподготовен на прес – конференции за да ја достигне нормата поставена од Груевски и неговиот пулен Мицкоски или брза да го заштити имотот на својот партиски другар Горан Ѓуровски , поранешен пратеник, екс директор на Македонија – пат и сегашен државен советник во Македонија – пат?
Наместо да глуми заштитник на земјоделците, Трипуновски да им објасни на граѓаните за луксузниот живот на државна сметка и обидите да се приграби и присвои,што е можно повеќе државен имот и субвенции глумејќи лажни земјоделци.
Трипуновски да им објасни на граѓаните и на земјоделците дека државното земјиште кое е побарано за садење на лешници и за коешто толку гласно зборува е доделено на неговиот сопартиец Горан Ѓуровски. Своевремено глумеа, пратеници, директори и советници а сега глумат и земјоделци, само за приграбување на државен капитал.
СДСМ е одговорна партија која има еднаков третман кон сите и во случајот кога станува збор за функционер на ВМРО-ДПМНЕ, процедурите се почитуваат.
Постапката за јавен повик се спроведува преку доставување на понуди од заинтересирани странки за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост. Во овој случај земјоделските парцели не се предмет на проверка ниту јавна објава.
Ова е уште една потврда дека кај ВМРО-ДПМНЕ ништо не се променило. Сеуште тоа е истата нереформирана партија која грабаше се што ќе стигнеше и гледаше само лична корист и задоволување на лични интереси. Истата партија која го бранеше криминалот и сеуште тоа го прави.
Затоа на 12 април граѓаните нема да ја поддржат обновата на режимот и одбраната на криминалот, туку политиките на СДСМ, партијата која за само 2.5 години постигна многу повеќе од ВМРО-ДПМНЕ за 11 години и покажа што значи вистинска грижа за земјоделството и земјоделците.