Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈАТЕМА

Костадинов до Стојановска: Ги штитите судиите кои го бранат Груевски, намерно одолговлекувате за да застарат делата

Охрабрете се еднаш и кажете, престанете да лажете. Единствената намера на ВМРО-ДПМНЕ да не помине законот за ЈО се бомбите да не важат како докази, а потоа преземањето на процесите од страна на државното обвинителство за сите случаи да почнат од почеток. Купување на време за предметите да застарат, тоа беше намерата, и се обрати портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска.

-Тоа го правите со вашите пипци во правосудството кои се уште ги имате. Јово Вангеловски има десетици предмети кои ги држел во фиока. За кое независно правосудство зборите, узурпирано е од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Судовите се уште го штитат криминалот на Груевски и луѓето околу него. Судиите кои го штитат вашиот криминал ги штитите, Јово Вангеловски, Владимир Панчевски, вели Костадинов.

Можеби ќе ве интересира

СЕ КРЧКА НЕВРЕМЕ ВО АТМОСФЕРАТА: Пороен дожд, ветер и град можни во следните денови

ДЕСК

Пукање во скопско Шишево, еден повреден

ДЕСК

АРАМИСКА СТОРИЈА ВО ЦЕНТАР: Клиент без пари го нападнал доставувачот и ги зел производите

ДЕСК