Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Мизрахи призна дека ВМРО-ДПМНЕ го остави Заводот во Демир Капија да пропаѓа

-Техничката министерка за труд и социјални работи Рашела Мизрахи самата призна дека ВМРО-ДПМНЕ со својата негрижа во текот на единаесетгодишното владеење го остави Специјалниот завод во Демир Капија во катастрофална состојба, соопшти СДСМ.

„СДСМ пред 2,5 години го затекна Заводот во Демир Капија со 227 штитеници, за кои се грижеа 41 негувател, а денеска во заводот се сместени 189 лица, за кои се грижат 40 негуватели. Денес еден негувател се грижи за четири лица, а не за шест – состојба што ја затекнавме на почетокот од мандатот.

21 поранешен корисник на Специјалниот завод Демир Капија се сместени во пет групни домови, а за нив се грижат 22 негуватели и две стручни лица.

Со досегашното спроведување на деинституционализацијата развивме модел на интензивна и индивидуализирана грижа за корисниците, токму како што посакува техничката министерка Мизрахи – „еден негувател на еден корисник“.

ВМРО-ДПМНЕ 11 години комплетно ги игнорираше лицата со посебни потреби, а сега од вкупно 482 корисници кои беа сместени и заборавени во шесте резиденцијални социјални институции во земјава, денеска во институциите живеат 267 лица, што претставува намалување за повеќе од 44%.

СДСМ со своите одговорни политики, во изминативе две и половина години силно го интензивиравше процесот на деинституционализација.

На почетокот на мандатот институциите згрижуваа 180 деца, а денес нема ниедно дете во институциите. Сите деца живеат во заедницата – во згрижувачки семејства или во мали групни домови, во средина најблиска на семејната.

Игнорирани лица со посебни потреби, руинирани Заводи, тоа е она што го оставија зад себе ВМРО ДПМНЕ и нивните кадри кои сега се околу новата техничка министерка како едни од главните советници.

И денес тоа е истото ВМРО-ДПМНЕ кое ги игнорира граѓаните и затоа на 12 април ќе доживее нов пораз.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Блокадата на ССМ не ги принуди пратениците да дојдат пеш на работа, но Трендафилов вели дека нема да дозволи да наплатат трошоци како да трошат керозин

C +

СДСМ: Нема пари за минималната плата затоа што Владата планира авион за Мицкоски

C +

Мицкоски од Кисела Вода: Се доградува ООУ „Невена Георгиева – Дуња“, ги испорачуваме ветувањата дадени пред граѓаните

C +