Centar.mk
ТЕХНОЛОГИЈА

Лансиран широкопојасен сателит, ќе има сигнали во пустините и океаните

Првиот кинески широкопојасен сателит, со комуникациски капацитет од 10 гигабајти во секунда, е испратен во вселената од Центарот за лансирање сателити „Џиучуен“.

Сателитот е лансиран од ракета-носачот КЗ-1А кој го направи комерцијалната вселенска компанија „Галакси спејс“.

Во многу оддалечени области, како што се пустини и океани, не се постигнува телекомуникациски сигнал, пренесува Кинеското меѓународно радио (CRI). Овој вид сателит во ниска орбита помага да се добие стабилен и брз сигнал во пустините и океаните, како и во брзите возови и авиони.

Можеби ќе ве интересира

ЕВРОПА И БАЛКАНОТ СО ЗАЕДНИЧКИ ПЛАН – Интернет измамите, миграцијата и корупцијата во фокусот

ДЕСК

ЕВРОПА ИЗДВОЈУВА 1,8 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЗА НОВИ ТЕХНОЛОГИИ – Голема можност за иноватори и стартапи

ДЕСК

Што е потребно за преклопниот телефон да биде подготвен за секојдневна употреба?

ДЕСК