Centar.mk
БИЗНИС

Драматичен раст на платите во здравството: СДСМ објави соопштение

Од февруари платите на лекарите специјалисти се зголемуваат за 25%, за општите лекари за 15%, за медицинските сестри за 10%, а 5% повисоки плати ќе добиваат здравствените соработници и помошно техничкиот персонал, соопштија од владејачката СДСМ.

– Севкупно, над 18.000 вработени во јавното здравство од следниот месец добиваат значително повисоки плати.

Ова е предвидено со најновите измени и дополнувања во Колективниот договор за здравствена дејност, при што направено е значително зголемување на коефициентот на сложеност, со што се зголемува и додатокот на плата за дежурства.

Со овие измени опфатен и е и помошно техничкиот персонал.

Споредено во однос на 2018 година, досега дежурствата во здравството се зголемија за 3 до 4 пати, а од месец февруари ќе бидат зголемени од 4 до 5 пати.

За разлика од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ вложува во човечкиот капитал и обезбедува подобри услови за работа на здравствените работници и поквалитетна здравствена заштита.

Ако досега само во некои клиники со дежурствата платата на лекарите специјалисти достигнувала 100.000 денари, од февруари на сите клиники платата ќе биде 100.000 денари, а некаде и повисока.

Тоа е остварување на ветувањето на СДСМ за плата од 100.000 денари за лекарите специјалисти.

Покажуваме дека сме на вистинскиот пат, се вели во соопштението на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

ДЕСК

Оваа недела ќе се одржи 56. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

ДЕСК

Пивара Скопје и РФМ – 45 години заедно за македонскиот ракомет

ДЕСК