14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАSHOWBIZТОП ВЕСТИ

Ја испеа „Марионка“, а во 2020 Васил ќе ја претставува Македонија на Евровизија

Македонската Радио Телевизија како активна членка на Европската радиодифузна унија и годинава ќе учествува на Изборот за песна на Евровизија, што ќе се одржи во мај во Ротердам, Холандија.

Македонската Радио Телевизија ги разгледа условите и обврските кон ЕБУ кои Јавниот сервис ги добива со потпишување на апликцијата за учество на оваа етаблирана манифестација и пристапи кон нивна реализација.

Во таа насока Првиот програмски сервис на МРТ организираше затворена дебата на 28.11.2019 во просториите на ЈРП МРТ на којашто беа поканети и учествуваа автори (композитори, текстописци, аранжери), новинари кои ја следат евровизиската сцена и претставници на ОГАЕ (евровизиски фан клуб на Македонија), при што беа изнесени слични ставови со мислењата на уредниците од Програмскиот колегиум на МТВ1, оваа година да се прифати минатогодишниот модел на изведувач(и) – автор(и).

МРТ извшри анализа на досегашните учества на Евровизија, ја зема предвид временската рамка на обврските, како и предлозите од затворената дебата, по што Програмскиот колегиум на МТВ1 одлучи:
“ Васил Гарванлиев, со авторски тим составен од етаблирани музички имиња, кои имаат остварено успешни музички проекти, да ја претставува Северна Македонија на Евросонг 2020.“

Македонската Радио Телевизија ги поканува авторите да ги достават своите сериозни и креативни музички предлози на нејзина адреса до крајот на месец јануари 2020-та година.