24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Потресни фотографии: По пожарот во кој загинаа две дечиња, премиерот најави дека ќе направи сѐ што е потребно за да се обезбеди првична помош за семејството уште денес

Заедно со претставници на институциите, бевме во посета на местото каде што се случи пожар во семејна куќа во Шуто Оризари, во која загинаа две малолетни деца, информираше премиерот Оливер Спасовски, кој пристигна на местото на трагедијата.

– Изразувам длабоко сочувство до семејството, градоначалникот и граѓаните на Шуто Оризари, за големата трагедија што се случи.

Ќе направиме сѐ што е потребно да обезбедиме првична помош за семејството уште денес, сместување и финансиски средства, а дополнително ќе разговараме за подобрување на инфраструктурата, за во иднина да не ни се случуваат вакви немили настани.

Потсетуваме дека 2 дечиња, братче и сестриче, загинаа во пожар што се случи попладнево во скопската населба Шуто Оризари.

Момчето било на возраст од 3, а девојчето од година ипол. Според првите информации биле поклопени од покривот на импровизираната куќа во којашто живееле и починале пред да стигнат скопските пожарникари.