25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

ВРВОТ НА ДПМНЕ ОБВИНЕТ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА НА УЖАСОТ ВО ПАРЛАМЕНТОТ: Груевски, Вељановски, Јанакиевски, Бошковски, Атанасовски и Ристовски го испланирале и финансирале упадот во Собранието на 27 април

Кривичниот суд информира дека е прифатено обвинението против четворицата екс-функционери поднесено минатата година.

Судскиот процес нема да ги опфати поранешниот премиер Никола Груевски и разузнавачот Никола Бошкоски кои беа дел од истрагата за насилствата во собранието. Причина е што се во бегство

Ќе им се суди на екс-собранискиот спикер Трајко Вељаноски, поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристески и некогашниот директор на УБК, Владимир Атанасовски за организација на настаните од 27 април. Кривичниот суд денеска информираше дека е прифатено обвинението против четворицата функционери поднесено минатата година.

„Советот за оценка на обвинителен акт поврзан со настаните од 27 април 2017 година во Собранието, по одржана јавна седница како и ценење на фактите и доказите во истиот, донесе решение со кое обвинителниот акт се одобрува во целост“, се вели во соопштението на судот.

Електронскиот систем за распределба на предмети ќе утврди кој судија ќе ја води постапката по што и ќе биде закажен почеток на судењето.

Овој судски процес нема да ги опфати поранешниот премиер Никола Груевски и разузнавачот Никола Бошкоски кои беа дел од истрагата за насилствата во собранието. Причина е дека двајцата се во бегство.

Четворицата обвинети се товарат за подготовка на настанатите кои ќе кулминираат со крвавата пресметка во парламентот на 27 април се со цел да се спречи предавање на власта откако стана јасно дека има парламентарно мнозинство за формирање влада без ВМРО-ДПМНЕ. Минатата година 16 лица беа осудени на вкупна затворска казна од 211 години за учество во настаните на 27 април.