Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Спорно кадровско решение: Чулев го дава СВР Скопје на началник вмешан во изборни измами

-Ристе Ставревски, новиот началник на СВР Скопје, е спорно кадровско решение на техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев. Ставревски, поранешен советник на Гордана Јанкуловска, е комплетно партиски кадар што во случајот не е ни толку важно, колку што е запрепастувачки во што има учествувано, особено од позицијата што ја извршувал во кабинетот на екс- министерката, која е рекордерка по бројот на минати години на чело на МВР, објави НоваТВ.

-Во судскиот процес „Титаник“ со издавањето лажни лични карти за гласачи за ВМРО ДПМНЕ, во судница се читаа смс пораки на Јанкуловска со нејзините советници Ставревски и Кирил Тодоровски, кој е еден од 20-тината обвинети во случајот. Од содржината на пораките е јасно дека тие подготвувале списоци за вработување според избирачките места за да придобијат гласови, договарале кого да сменат од функција, а кого да назначат за полесно спроведување на операцијата, но и тоа како да им помогнат на сигурните гласачи да куртулат од казни и инспекции. Со еден збор, преземале активности надвор од советничките овластувања во МВР во партиски цели, пишува НоваТВ.

Целиот текст прочитајте го на следниот ЛИНК.

Можеби ќе ве интересира

Нова ера за македонското здравство: Три клинички болници и здравствен комплекс вреден 1,5 милијарди евра

ДЕСК

Покачување на 50 отсто на пензиите ако дојде СДСМ на власт – најави Тренчевска

ДЕСК

Силно невреме проследено со град на автопатот Скопје – Тетово, невреме и во други делови на Македонија: Каде е најкритично?

ДЕСК