Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

УХМР: Слаби врнежи од снег денеска во скопската котлина

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со засилен северен ветер и со повремени локални врнежи претежно од снег. Врнежите ќе бидат со слаб, а во западните делови на места со умерен интензитет.

Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје, времето ќе биде претежно облачно со засилен северен ветер. И во скопската Котлина локално ќе има слаби врнежи од снег. Максималната температура ќе достигне 4 степени.

Инаку, најмногу снег има во Маврови Анови – 12 сантиметри, 3 на Попова Шапка, 2 во Крушево, Пожаране и Ѓуриште, и 1 во Берово.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Јасно е дека кај многумина има страв од избори, но изборите ќе бидат редовни, во 2028 година

C +

СДСМ: Европа не може да прими во членство организирана криминална група како ВМРО

C +

Тошковски: Новата шалтер сала во МТВ – побрзи услуги и подобри услови за граѓаните и вработените

C +