Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Премиерот Оливер Спасовски: Секогаш со голема радост го посетувам манастирот на Попова Шапка посветен на Св. Наум Охридски Чудотворец

Секогаш со голема радост го посетувам манастирот на Попова Шапка посветен на Св. Наум Охридски Чудотворец, токму на денешен ден кога граѓаните верници го слават овој голем светец, објави премиерот Оливер Спасовски.

– Манастирот денеска ширум ги отвори вратите за верниците кои дојдоа да го чествуваат празникот и да учествуваат на литургијата со која чиноначалствуваше митрополитот тетовско-гостиварски, господин Јосиф.

Во пресрет на големиот празник Божик, денот на Христовото раѓање, ова е убав ден и повод да се посветиме на солидарноста инспирирани од големото дело на Св. Наум Охридски Чудотворец кој целиот свој живот го посветил на помагањето на болните, на сиромашните и на изнемоштените, напиша Спасовски на социјалните мрежи.

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦИЈАТА ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: Малолетничка жртва на полово вознемирување од страна на 57 годишен возач на комбе

ДЕСК

СТРУМИЧКАТА ПОЛИЦИЈА РАСЧИСТУВА ИНЦИДЕНТ: Агресивно се однесувале кон вработени во општината и полициски службеници

ДЕСК

Апсење на Долно Блаце

ДЕСК