Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Сметам дека предлогот за технички министер на МВР не е во согласност со Уставот

Премиерот, Зоран Заев, по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христјан Мицкоски, рече дека разговарале за две главни теми – кандидати за преодна влада и за изборниот модел, при што нагласи дека има забелешка за предложеното решение за прв човек на полицијата во техничката влада.

За предлогот за министер за внатрешни работи Мицкоски во својата изјава не соопшти име, но Заев кажа дека станува збор за воено лице притоа поставувајќи дилеми дали тоа е во согласност со Член 97 во Уставот, Законот за внатрешни работи и Законот за служба во армијата. Имено, како што рече премиерот, спорно е воено лице да врши функција во МВР, бидејќи за таа должност треба да се назначи лице кое е цивил последните три години.

Премиерот повика на дебата за предлогот меѓу експертите и стручната јавност, со цел да се оцени релевантноста на истиот.

Тој децидно не го отфрли предлогот за технички министер, иако посочи оти верува дека ова не е единствен кандидат на опизицијата доколку се покаже како спорен, и дека верува оти ќе најдат заеднички јазик по ова прашање.

За изборниот модел Заев објасни дека со лидерот на опозицијата разговарале за можни варијанти да се изгласа законското решение за да важи за следните избори.

Ставот на опозицијата прашањето да се се остави по изборите, Заев сака да го разгледа со помалите политички партии и додаде дека за истото ќе се разговара и во следниот период.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода возач на автобус во тетовско и патник во автобусот, пронајдени непријавени 34.965 евра

ДЕСК

ДОАЃА ЖЕШКО ВРЕМЕ, ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ СКОКНАТ НА 33°C: Најави и за невреме во деталната четиридневна прогноза

ДЕСК

Невреме во делови од Македонија – еве каде е најкритично

ДЕСК