23.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

ВМРО ДПМНЕ со неочекуван предлог за министер за внатрешни работи: Покрај толку многу советници, Мицкоски достави неуставен предлог

Неочекувано е партијата која што бараше да нема одложување на изборите на 12-ти април, ВМРО ДПМНЕ да предложи неприфатлив кандидат за министер, кој доколку би бил избран ќе биде прекршен Уставот на Македонија.

Министерката за правда, Рената Дескоска на „Фејсбук“ објави реакција во однос на предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки да биде министер за внатрешни работи во техничката влада.

Според неа, ваквиот предлог е неуставен бидејќи предложената личност не е цивилно лице најмалку три години како што наведува член од Уставот.

„Покрај толку многу советници од Правен, да пуштиш противуставен предлог“, напиша таа на „Фејсбук“, објавувајќи и слика со текст од членот 97.

Во него пишува дека „Со органите на државната урава во областа на одбраната и полицијата раководат цивилни лица кои непосредно пред изборот на тие функции биле цивили најмалку три години“.