Centar.mk
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Царината за некои производи ќе се намали до 50 отсто

По обемни претходни консултации со Советот на странските инвеститори во земјава, Владата усвои одлука увозните давачки – царинските стапки за одделни производи (компоненти) потребни за производство на технолошко напредни производи во 2020 година, да се намалат за 50% со цел да се зголеми извозната конкурентност на домашната индустрија која произведува технолошки напредни производи.

Со оваа одлука висината на овие царински давачки ќе се приближи кон царинските стапки што се применуваат во Европската Унија, што значи ќе се овозможи да се подобри конкурентноста на домашните компании и поголема атрактивност на земјата кон привлекувањето на нови компании со странски капитал од различни стопански сектори.

Можеби ќе ве интересира

ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА РУШАТ РЕКОРДИ: Падна одлука во РКЕ – Дизелот поскапува за 6,5 денари, бензините за 7 денари

ДЕСК

Цените на нафтата пораснаа за повеќе од 40 проценти по нападот врз Иран

C +

Јајцата над 300 денари, маслото над 100: Нов ценовен удар пред Велигден

ДЕСК