Centar.mk
БИЗНИСПРОМО

ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА РУШАТ РЕКОРДИ: Падна одлука во РКЕ – Дизелот поскапува за 6,5 денари, бензините за 7 денари

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното
масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 7,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 09.03.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 86,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 88,50 ден/лит, додека малопродажната цена
на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 89,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 6,50 ден/лит, во однос на
малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 09.03.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 92,00 ден/лит.

Можеби ќе ве интересира

ТЕШКА СОЦИЈАЛНА СЛИКА: Илјадници домаќинства зависеле од гарантирана минимална помош

ДЕСК

Нови цени на горивата: Во понеделник се чека одлуката на Регулаторна, нафтата на светските берзи во пад

ДЕСК

ЌЕ ПАДНАТ ЛИ МАСКИТЕ НА ПАЗАРОТ ЗА ХРАНА: АХВ најавува имиња и податоци што ќе кренат прашина

ДЕСК