Тројца Кубанци биле уапсени кај местото викано Макминерал, кај Битола, откако нелегално ја минале македонско-грчката граница.
Како што информираат од МВР, Кубанците на возраст од 25, 26 и 34 години биле пресретнати од полицајци од полициската станица Меџитлија.
Уапсените биле пренесени во регионалниот центар за гранични работи „Југ“ за понатамошна постапка./Makfax