Centar.mk
КУЛТУРА

Мултимедијалниот перформанс „Кинтсуги“ вечерва ќе го затвори „Десонанз“

Фестивалот „Десонанз“ ќе биде затворен вечерва во МКЦ со изведба на уникатниот перформанс концепиран од македонската балерина Ивана Коцевска под наслов „Кинтсуги“, со почеток во 20 часот.

Освен Коцевска, во перформансот улога има и Валентино Апостоловски. Музиката е на Димитар Николов, костимографијата на Милена Атанасова.

Програмата ќе продолжи со настап во живо на германскиот електронски автор Oаке, по кој ќе следува француското електронско дуо Parhelic Shell.

Билетите се достапни на билетарница во МКЦ и онлајн преку bileti.mkc.mk по цена од 200 денари. На врата цената на билетот ќе изнесува 300 денари.

Гледај го бонус видеото и следи нè на YouTube за вакви содржини секој ден

Можеби ќе ве интересира

Почина познатиот македонски актер Лазе Манасков на 66 годишна возраст

ДЕСК

Дац и Александар – Дамите Бираат

ДЕСК

Скопје ја задржа титулата за Европскa престолнина на културата – следи трансформација од 55 милиони евра

ДЕСК