Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Тешка несреќа во Македонија: Камион прегази две жени

Две жени со тешки повреди биле пренесени во болница откако во нив удрил камион.

Несреќата се случила вчера во 18 и 30 часот на булеварот Гоце Делчев во Прилеп. Според информациите на МВР, камион „мерцедес“, со прилепски регистарски ознаки, управуван од Н.Х.(47) од село Лажани, прилепско, удрил во пешаците А.В.(48) и И.В.(25), двете од Прилеп.

И двете се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени во Општата болница Прилеп за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Прилеп.

Можеби ќе ве интересира

ГРАЃАНИТЕ ЈА САКААТ ЕУ, НО НЕ И УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ – Објавени нови анкетни резултати

ДЕСК

КОЈ ЌЕ ГИ КОНТРОЛИРА ТАЈНИТЕ СЛУЖБИ? – Левица со обвинувања за изборот на надзорниот совет

ДЕСК

МИЦКОСКИ И МИНИСТРИТЕ ПРЕД ПРАТЕНИЦИТЕ – Опозицијата денеска бара одговори

ДЕСК