Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ПИШТОЛ, МУНИЦИЈА И ПОЛИЦИСКА ОПРЕМА ВО „ГОЛФ“ – Кривични пријави против двајца браќа од беровско

СВР Струмица поднесе кривични пријави против двајца браќа од селото Двориште, беровско, на возраст од 26 и 27 години, поради сомневања за кривични дела поврзани со недозволено поседување оружје и експлозивни материи. Постариот брат дополнително се сомничи и за кривичното дело „несовесно работење во службата“.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот датира од 24 мај 2026 година, кога полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „фолксваген голф“ пред угостителски објект во Струмица. Автомобилот го управувал 26-годишниот маж, а при проверката биле пронајдени и одземени пиштол „HS 2000“ со куршуми, како и разновидна полициска опрема која му припаѓала на неговиот 27-годишен брат.

Во рамки на понатамошното постапување, полицијата извршила претрес и во домот на постариот брат, каде што биле пронајдени и одземени куршуми од различен калибар, за кои тој немал соодветно одобрение. Против двајцата се поднесени кривични пријави поради постоење основи на сомнение за делото „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“, додека против 27-годишниот и за „несовесно работење во службата“.

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ СКОПЈЕ – Шест лица приведени, меѓу нив и двајца турски државјани

ДЕСК

Манасиевски: Филипче и СДС лажат, Алта банка немала забрана за работа во ЕУ и не можела да биде спречена да влезе во Македонија

ДЕСК

ЈА СЛЕДЕЛ СО АВТОМОБИЛ И ЈА ВОЗНЕМИРУВАЛ – 38-годишна девојка пријавила маж во полиција

ДЕСК