Од владејачката партија СДСМ понудија пет факти зошто нивните мерки во енергетиката се, како што велат, шампионски.
Факт 1: Цената на струјата престана да расте и се стабилизира. Денес, со политиките на СДСМ имаме најниска цена на струјата во Европа. За разлика од криминалното време на ВМРО ДПМНЕ од 2006 до 2016, кога цената на струјата се покачи за 100%.
Факт 2: Ја вративме евтината тарифа на струјата што ја укина ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ беше против враќањето на евтината тарифа, против можноста граѓаните да заштедат.
Факт 3: СДСМ го зголеми домашно производство на струја, не увезуваме струја туку продаваме. Во време на криминалната ВМРО-ДПМНЕ имаше пад на домашното производство на струја од 25%, увозот достигна огромни 38%. Цената за која се купуваше струја беше над 200 евра.
Денес, ЕСМ не купува струја туку продава енергија на европските пазари и за две години продаде енергија во вредност од 40 милиони евра.
Факт 4: ЕСМ (ЕЛЕМ) денес има добивка од 80 милиони евра, средства кои се вложуваат против аерозагадувањето. Во време на ВМРО-ДПМНЕ средствата се вложуваа во барокни згради, рајски градини и други фикции од мозоците на Груевски и неговиот советник за енергетика Христијан Мицкоски.
Факт 5: Како директор на ЕЛЕМ Христијан Мицкоски ја водеше најлошата енергетска политика во земјава а цената за тоа ја платија граѓаните од своите џебови. Во времето на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ струјата поскапе 100%, земјава увезуваше енормно скапа струја а ЕЛЕМ парите на граѓаните ги фрлаше на рајски градини“ соопшти партијата.